BitDefender - Ограничувања
tags:
Bitdefender
Restrictions:
- Согласно оваа програма, донираниот производ ќе се дистрибуира исклучиво на квалификувани организации, но не и на поединци.
- Организациите може да побараат до 50 кориснички лиценци во фискалната година. Лиценците може да бидат наменети за еден производ или да бидат поделени на неколку производи.
- Само организациите со годишни буџети до 1,4 милиони американски долари се прифатливи за добивање на оваа донација.
- Оваа донација е достапна за непрофитни организации со назнака 501(c)(3) и за јавни библиотеки. Јавните библиотеки мора или да имаат важечки статус 501(c)(3) за непрофитна организација или да бидат наведени во Базата на податоци на Институтот за музејски и библиотекарски услуги (IMLS).
- Оваа донација нема да биде достапна за образовни институции, училишта, колеџи, универзитети и трговски училишта.
- Верските организации што не се именувани како секуларни од страна на заедницата, не се прифатливи за учество во оваа програма. Секуларна организација е организација одвоена од црквата или верска организација што им обезбедува услуги на луѓето без оглед на нивните верски убедувања и што не пропагира верување во конкретна религија.
- Организациите што застапуваат, поддржуваат или практикуваат дискриминација врз основа на возраст, етничка припадност, пол, национално потекло, попреченост, раса, висина, религија, сексуална определба или општествено-економски статус не се прифатливи за учество во оваа програма. За да добијат донации, организациите мора да сакаат и да можат да потврдат дека не дискриминираат врз некоја од овие основи.
- Производите на Bitdefender не смеат да се пренесуваат или препродаваат.
- Identifikohu ose regjistrohu për të dërguar komente